Фудбалот беше негова најголема љубов, тренираше редовно но никогаш не успеа да влезе во првите единаесет. Неговиот татко го придружуваше на секој тренинг седејќи во еден агол од стадионот.

Иако тренерот никогаш не му даде шанса тој беше присутен и на сите натпревари, но одеднаш четири дена тој не се појави на стадионот. Неговиот тим стигна до финалето. На почетокот на натпреварот тој се појави, отиде до тренерот и му рече:

– Постојано ме чувавте за резерва, не заиграв на ниту еден натпревар, но денес Ве молам да ми дадете шанса, да ми дозволите да играм.

Тренерот со неверување го погледна и му рече:

– Жал ми е, не можам да ти дозволам да играш. Постојат подобри играчи од тебе, а денес е финалето.

Момчето инсистираше:

– Ветувам дека нема да Ве изневерам. Ве молам дозволете ми да играм.

Тренерот го погледна право во очи, никогаш ја немаше видено таа решителност во него и реши да му даде шанса и да му дозволи да игра.

Натпреварот започна, а момчето играше како никој друг. Секогаш кога ќе добиеше топка, постигнуваше погодок. Беше најдобриот играч и ѕвезда на натпреварот. Наговиот тим имаше спектакуларна победа, а сите беа изненадени од неговата игра. После натпреварот тренерот горд на неговиот најдобар играч, се приближи до него и го праша:

– Зошто никогаш досега не сум те видел да играш толку добро, што се промени?

Момчето со солзи во очите одговори:

– Морав да играм добро, татко ми ме гледа денес.

Тренерот се сврте на местото каде што татко му седеше на секој тренинг, но таму немаше никој, местото беше празно. Со прашален поглед се сврте кон момчето, а тој додаде:

– Татко ми беше слеп, почина пред четири дена и денес е првиот ден кога ме гледа од небото како играм фудбал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Have a Drink?
Следна објаваСтил и елеганција во 38м2
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР