1Потребно е многу креативност и добра организација, за станбен простор со мала површина функционално да се адаптира на животните потреби. Но, за стилот и елеганцијата да се спакуваат во минијатурно издание, покрај оригиналноста и креативната визија, веројатно од полза би било и некое магично стапче. Сепак, ништо не е невозможно, па ни тоа исклучително мал простор да зрачи со голема софистицираност, одразувајќи ги комплетно желбите и вкусовите на оние кои во него престојуваат. Совршен пример е овој минијатурен стан, со површина од само 38 метри квадратни, кој не само што располага со сите предуслови за удобно живеење, туку и со својата убавина и дизајн може слободно да им парира на оние со многу поголема квадратура. Сместен е во Стокхолм, а со доминантната скандинавска белина е типичен пример за шведски ентериер со минималистички приод кон уредувањето. Она што го прави посебен и му дава елегантна и префинета нота е комбинацијата на белата и црната боја со сензуалната зелена нијанса како избор за трета боја, која одлично се вклопува во амбиентот и им дава суптилен акцент на деталите. Со оглед на површината, дневната соба, трпезаријата и кујната се интегрирани во отворен простор, во кој играта со црната и белата боја создава впечаток дека секој предмет е со декоративна намена. Иако со малку расположлив простор, овој стан има засебна спална, бања, па дури и плакар во кој може да се чекори. Изборот на декорации го сочинуваат минималистички слики, тапети со зелени флорални мотиви, цветни аранжмани и ненаметлив африкански допир со зебра дезенот на килимот. Вистинска оаза на стилот и елеганцијата во само 38 метри квадратни.

2

3

4

5

6

7

14

8

9

12

10

11

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобра игра
Следна објаваФото на денот | Заробени во сопствените светови
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ