На крајот на полето стоеле Љубовта и Разделбата и набљудувале една вљубена двојка.

Разделбата и рекла на Љубовта:
– Се обложувам дека ќе ги разделам!

Љубовта одговорила:
– Чекај! Дај им шанса, дозволи да допрам до нив, а потоа оди кај нив.

Разделбата се согласила. А Љубовта се приближила до двајцата вљубени, навлегла во нивните срца и почуствувала поврзаност меѓу нив. Се вратила кај Разделбата и рекла:

 – Ајде сега ти си на ред!


– Не, – одговорила Разделбата. – Сега јас ништо не можам да направам сега нивните срца се исполнети со љубов. Ќе отидам подоцна…


Времето поминувало. Разделбата се вратила крај куќата на онаа истата двојка и видела дека веќе не се сами, имале плод на нивната љубов, прекрасно бебе. Разделбата сепак се надевала дека нивната љубов веќе поминала и затоа со надеж пристапила кон прагот на нивниот дом. Но во нивните очи, таа видела Благодарност.

Тоа значело дека сеуште постои поврзаност помеѓу нив и затоа Разделбата рекла:
– Ќе дојдам кај нив подоцна…


Поминало некое време. Разделбата повторно се појавила кај нив – од куќата се слушал детски плач. Таткото се вратил изморен од работа, а мајката се обидувала да ги смири момчињата. Разделбата се надевала дека сега ќе може да ги раздели – сепак за толку време и Љубовта и Благодарноста одамна требало да ги напуштиле нивните срца. Но гледајќи во нивните очи, таа видела Почитување и Разбирање.


– Ќе дојдам подоцна… – рекла и овојпат.

Времето поминувало и Разделбата со надеж дека ќе успее конечно да ги раздели пак се појавила на нивниот праг. Децата веќе биле возрасни, косата на таткото била побелена. Тој се трудел да им објасни нешто на своите синови, а мајката приготвувала вечера во кујната. Гледајќи во нивните очи, Разделбата повторно се разочарала – во нив таа видела Доверба.


– Ќе дојдам подоцна… – рекла таа и излегла.


Времето си минувало, но Разделбата не ги заборавила и пак се појавила во нивниот дом. Внимателно ѕирнала во нивниот дом и низ куќата видела разиграни внуци и една ужалостена и измачена старица.

„Е сега е моето време “, помислила Разделбата.

Кога сакала да се приближи до старицата, таа станала и излегла од дома. Разделбата тргнала по неа. Ја следела се до гробиштата каде што забележала дека таму е гробот на нејзиниот сопруг.

– Изгледа задоцнив, времето ја завршило мојата работа… – рекла Разделбата и погледнала во расплаканите очи на старата жена. Во нив видела сеќавање за Љубовта, Благодарноста, Почитувањето, Разбирањето и Довербата која таа жена ги чувствувала кон нејзиниот сопруг. Тогаш Разделбата сфатила, ниту таа ниту времето имаат моќ да го променат тоа сеќавање.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОригиналните книги на Буковски | Valentino Borghesi
Следна објаваПоддршка за Росица Мршиќ и Македонија
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР