„Има полоши злосторства од горењето книги. Една од нив е воопшто да не бидат прочитани.“

– Џозеф Бродски

Широка палета понуди, креирање здрави навики и совети како да направите Вашите деца да ја засакаат книгата: но, секогаш останува прашањето, како да се справите со личности кои не читаат книги? Библиотеките полека заминуваат во историјата – редок е бројот на вистинските почитувачи и промотори на важноста на читањето, но сепак, големо е семејството на библиофили кои не се откажуваат од својата благородна цел. Едно неодамнешно истражување спроведено во САД говори токму за понижувачките показатели на оваа навика од загрозен вид…

i1

1. Истражувањето од 2012 покажува дека речиси една петтина од децата се изјасниле дека ќе им биде срам доколку другарчето ги види дека читаат книга.

i2

2. 54% од испитаниците, деца на возраст до 12 години, одговориле дека препочитаат да гледаат телевизија наместо да читаат книги.
И подоцна како да им биде јасно која е врската помеѓу книгата и филмот?

i3

3. „50 нијанси на сиво“ е најпродаваната книга на сите времиња во Велика Британија. Родната земја на Шекспир, кој најверојатно НЕ почива во мир.

i4

4. Биографијата на Џастин Бибер? Бестселер на листите на NY Times!

i5

5. Опаѓање продажбата на книгите и е-книгите за 9.3% во САД. Не би сакале да направиме споредба со Македонија.

i6

6. Последната Borders книжарница беше затворена во 2011 година. Barnes and Noble се бори со постојан пад на продажбата, така што затвори повеќе од 15 книжарници ширум Америка за помалку од една година.

i7

7. Продажбата на е-книгите го достигна својот врв во 2011 година… всушност, не претпоставува катастрофа сама по себе, но тоа сигурно го означува крајот на една богата историска ера, испишана на хартија.

i8

8. Форкс, Вашингтон – сега има Самрак-тематска продавница со цел да заработи од туристите. На крајот на краиштата, подобро е да Ве помнат по нешто, отколку по ништо, нели?

i9

9. Четирите дела на Самрак сагата се продадени во над 116 милиони копии, што е речиси половина од целиот опус на Стивен Кинг.

i10

10. И ситуацијата е дојдена до тоа ниво што книгите сепак се користат… за креативна реупотреба! Книжевна дисекција која е толку популарна што е застрашувачки факт.

На крајот, следува најлошото: истражувањето завршува со заклучок дека еден од четворица Американци не прочитал ниту една книга во изминатата година. Понижувачко и срамно – што кога ова истражување би се спровело помеѓу Македонците? И дали е ова навистина иднината на книгите?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКафе со ликот на потрошувачите
Следна објаваЕкстремно гласно и неверојатно блиску – Џонатан Сафран Фоер
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР