Дилемата околу давање втор живот на предметите особено е видлива и опиплива кога станува збор за старите книги – вредноста која овој бесценет капитал ја има се чини дека е примарен грев да се уништи или пренамени. Но. чувањето на книги во домот кои никогаш не ќе ги прочитате или никогаш не ќе ги подарите навистина се степен на натрупаност во истиот. Па, затоа читајте понатака…
Предложената фотогалерија во продолжение најпрвин се труди да ги задржи ликот и формата на книгата апсолутно неповредени – имено, инкорпорирајќи ги во мебелот, при што притоа се дава еден автентичен и креативен печат. Како второ, дава пример на алтернативна замена на саксиите – колку и да не Ви се допаѓа идејата да уништите книга, ќе признаеме дека изгледа доста необично и убаво. Третиот начин, односно создавање полици за книги од вистински книги, навистина е една практична иновација. Останатото е само показател на креативност. Уживајте во сите предлози.