Кога ќе одлучите да ги гледате „Клетници“ во времетраење од над два часа, или да ја слушнете во аудио-верзија, зошто би се малтретирале со преку 500тина страници? Во однос на тоа, зошто би читале весник кога едноставно може да уклучите CNN? Или пак, зошто темелно би ги прочитале инструкциите за некоја постапка, кога Ве дели еден клик од you tube tutorial? Откако ги дефиниравме бенифициите на читањето, се наоѓаме пред нов предизвик. Секој знае дека книгата е подобра од филмот, но дали навистина постои реална предност доколку истите импресии ги постигнете преку читање?

Според официјалниот сајт на Опра, потврдниот одговор на ова прашање е евидентен – да, во согласност со невронската мрежа, Вашиот ум дефинитивно ќе Ви се заблагодари во иднина.

Исто како и мускулите, така и мозокот ги чувствува придобивките од добриот тренинг. И читањето претставува невро-биолошка активност, која бара обработка на слики или говор. „Како што апсорбирањето тече, делови од мозокот кои еволуирале за други функции, како што се визијата, јазикот и асоцијативното учење, поврзувањето Ве води до нервната потреба од читање како вистински предизвик“ вели д-р. Кен Пуг, претседател на истражувачката лабораторија Хаскингс која е посветена на науката за јазикот. „Една реченица е стенографија на многу информации кои мора да се заклучат од мозокот“, во принцип, интелегенцијата е предизвикана на акција, така што се постигнува повисока концентрација. „Ние сме принудени да изградиме, да произведеме приказна, да измислуваме“, вели Мериен Вулф, директор на Центарот за читање и јазици на Универзитетот Тафтс. „Обично, додека читате, имате време да размислувате. Читањето ви дава уникатно копче за пауза, за да би можеле да размислите и да ја увидите поентата.

Придобивките од сета ментална активност вклучуваат одржување на меморијата во остра состојба, одржување на Вашиот капацитет за помнење и најважно од се, одржување на умот во највисока точка на рационалност додека стареете. Некој можеби ќе Ве советува да ги фрлите видео-игрите или DVD касетите за да отстапите време за конзумирање на книгите, но, во суштина, од ништо не треба да се откажете. Постои богатство кое само книгите може да Ви го покажат – „можноста за истрага не се спроведува со ниеден друг медиум на знаење. Читањето е содржина, а не површина“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНихилистичка Oптимистичка Игра
Следна објаваНаправи сам | Предмети од штипки
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР