Пред да биде создадена жената, мажот отишол кај Бог и се жалел од својата здодевност.

Севишниот се замислил: “Од што да направам Жена, кога целиот материјал го потрошив за мажот?”

По долго размислување Бог ја создал Жената како мешавина составена од боите на изгрејсонцето, неколку светли сончеви зраци, мистичноста на месечината, убавината на лебедот, разиграноста на мачката, грациозноста на срната, привлечноста на магнетот…

Но сето тоа Му се видело многу совршено, а не сакал да создаде ништо совршено и затоа додал од ладниот сјај на ѕвездите, непостојаноста на ветрот, солзите на облаците, лукавство на лисицата, досадноста на мувите, бодежот на осата, отровот на змијата, љубомората на тигрицата, алчноста на ајкулата, крвожедноста на пијавиците…

Во сета мешавина вметнал живот и како резултат на сето тоа, се појавила Жената.

Така создадена Бог му ја подарил Жената на мажот и му рекол:
– Чувај ја таква каква што е… и не се обидувај да ја промениш!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Јајца со златен тон
Следна објаваОтворена книга | Pagina полица
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР