Велигденската еуфорија започна одамна, а Вие сеуште не сте одлучиле на кој начин да ја изнудите креативноста во симболиката на овој празник. Покрај многуте предлози од типот на омбре јајца и слично, денес Ви подготвивме елегантен предлог кој ќе се вклопи во Вашата претстава за убавото.

Потребно Ви е:
– табла јајца
– бои за јајца
– златна боја
– пластична кеса
– корпа за јајца

2
Најпрвин, ги боите јајцата во неколку бои по Ваш избор. Тука Ве советуваме бојата да ја сместите во тегличка. Следен чекор е оставање на јајцата да се исушат за да прејдете на чекорот за нивно декорирање со златен печат. Ставете златна боја во парче пластична кеса/пластични ракавици и шарајте го јајцето. Оставете да се исуши.

3

Нерамномерните дезени со неправилен тек се нештото кое ќе го обележи овој Велигден во Вашиот дом. Уште еден избор останува на Вас – во каква корпа ќе ги поставите на трпезата, односно какво пакување ќе изберете за некому да подарите дневна доза радост на Велигден.

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМотивација за успешен бизнис
Следна објаваПриказна за жената
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР