Верувале или не, иако ни претстои уште речиси еден месец до Велигден, сите маркетинг агенции се веќе внесени во шемата да ја разбудат празничната еуфорија на овој празник. Како дополнување на истото, ние решивме во следниот период да Ви презентираме неколку предлози за најкреативно изразување за празникот, така што започнуваме со овие Украсни зајчиња, односно Вашиот нов начин некому да подарите симбол на здравје.

Во прилог, сликовито следуваат едноставните чекори за кои ќе Ви бидат потребни материјали кои веќе ги имате дома – мали тегли, фигури од детската соба и спреј во боја. Па, да започнеме!

1

Изборот на боја Ви го препуштаме Вам, исто како и изборот на фигура (која за потребите на овој празничен проект, избравме да биде Easter Bunny). Во истата, може да сместите малку сено и јајце, односно чоколадни јајца: и секако, веќе имате спремен подарок за Вашите деца и внуци во празничен дух.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдиторијал | Двоен живот
Следна објаваИскрената љубов – вистинско чудо
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР