Еден ученик отишол кај учителот и почнал да се жали од животот. Учителот го сослушал и не велејќи ништо, му донел извадок… Извадок од Античка Книга на Знаењето. Во извадокот пишувало: Ќе видите илузии како илузија. Дознајте конечно дека ние сите сме едно. Човештвото и целиот живот се единствено поле. Тоа е најважната вистина на која не учи Животот. Зарем лалето е повисоко од розата? Зарем планините се поубави од морето? Која од снегулките е поубава? Можно ли е сите тие да се прекрасни и уживањето во нивната убавина да ни го одзема здивот? Потоа тие се топат, се спојуваат една со друга и формираат единство. Но, тие не исчезнуваат. Тие никогаш не престануваат да постојат. Едноставно ја менуваат формата. И не еднаш, туку многу пати: преминуваат од цврста состојба во течна, од течна во гасовита, од видливо во невидливо, за да се издигнат и повторно да се вратат како снегулки со чудесна убавина. Тоа е и Животот. Вистинскиот Живот. Тоа сте и Вие. Тоа ќе стане реалност во Вашето искуство, кога едноставно ќе сфатите дека е вистина и ќе започнете да живеете на соодветен начин. Ќе видите неверојатна убавина во се што Ве опкружува. Бидејќи секој од Вас е навистина прекрасен на свој начин.

Сакајте ги луѓето околу Вас, сите заслужуваат да бидат сакани! И запомнете – сите ние сме едно Цело!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЏемпери од кучешко влакно
Следна објаваКнижевна фасада во Минхен | Еurostars Book Hotel
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР