Сплит – некогаш само мало трговсkо градче, а денес најголем град на Јадранското крајбрежје и еден од најпосетените градови во овој дел на Европа. Грандиозни градби, убави ресторани, брендирани бутици и шармот на Далматинците го прават ова место омилено за многу од светскиот џет-сет. Изобилството на ресторани и винарските визби го ставија Сплит на светската карта на градови познати по доброто вино.

Убавината на Сплит доаѓа како резултат на често менуваната власт низ историјата. Убавиот Сплит бил под римска, венецијанска, австриска, француска, италијанска и југословенска контрола. Секоe од овие владеења, оставило свој белег на овој град. Но не е само човечкиот фактор кој го прави Сплит посебен. Прекрасните пејзажи се едни од природните богатства кои создаваат една целосна убавина. Заливите во градот, со прекрасните плажи на кои во секое време може да се релаксирате од долгите прошетки или пак во вечерните часови да се напите чаша вино во пријатно друштво, се неизбежен дел од Вашата посета во Сплит.

Градбите како Палата на Диоклецијан  и Мавзолејот, статуата на Грегори Нински, катедрала и камбанаријата на Св. Доминис ја оправдуваат позиција на УНЕСКО градби кои се назначени за светско културно наследство .

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШангаj и безбедноста на пешаците
Следна објаваШто ако дивите животни јадат брза храна?
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР