Malala Yousafzai е 15 годишна девојка од Пакистан. Позната по нејзината едукација и активизам за правата на младите девојки да се школуваат. На 11 годишна возраст пишуваше блог за BBC, под псевдоним, раскажувајќи за животот во долината Сват, каде што Талибанците имаат забрането девојките да се образуваат, промовирајќи ги своите ставови околу ова прашање. Следната година New York Times сними документарен филм за нејзиниот живот кога пакистанската армија интервенираше во регионот со што започна втората голема војна во оваа долина. Почна да дава интервјуа по разни светски медиуми и беше прогласена за претседател на Окружното детско собрание на Сват, добивајќи ја и Националната пакистанска младинска награда за мир.

На 9ти октомври, 2012та година беше застрелана во главата и вратот од Талибанците. Додека се уште заздравува, оваа девојка е најмладиот кандидат за Нобеловата награда за мир. Нејзината приказна е инспирација и мотивација за многумина, а Zen Pencils ја раскажа нејзината приказна, со овој краток стрип.

„Не ми пречи да седам на подот во училиште. Само сакам да се образувам. Не се плашам од никого. Тие не можат да ме запрат!“

1

2

3

4

5

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваFish N’ Flush | Тоалет-аквариум
Следна објаваАферата Ван Гог – Џефри Арчер
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР