Да се искористи 9/11 трагедијата за да се привлече г-дин Интерес на читателот, а во суштина да се цели кон заговор во светот на уметноста. Или, поедноставено, се работи за мистериозно убиство… книга за богат и моќен човек кои профитира преку измама, што му дава фасцинација на самиот роман од психолошки аспект, ако тоа не му успева на Арчер од книжевен. Повторно, сепак, приказната е отворена за и спротивното толкување: дека тоа е парабола на светот подалеку од она што Арчер првично го замислил. Во однос на заговор, буквално така: Аферата Ван Гог вклучува меѓународен заговор во името на артистичкиот автопортрет со превиенo уво.

10 септември 2001: Викторија Вентворт, наследничка чија финансиска среќа е евидентно лажна поради извесни семејни малверзации, е убиена во својот дом по донесувањето на одлуката да ја продаде сликата на Ван Гог за да ги исплати своите долгови. Ана Петреску, нејзиниот кредит-доверител е таа која и ја предложи продажбата во извештајот даден на Викторија и на Брус Фестон, нејзиниот директор. Кој не е воопшто изненаден кога по пошта му пристигнува пакет кој содржи исечено уво. Заплетот е центриран во финансиската можност за докажување на богатите, кои на крајот завршуваат во бирото за кредити. А Брус е тој кој ги држи конците таму – но, тој ја сакаше сликата, а не пари. И ќе направи се за да ја добие… ќе направи се за да го засити својот мегаломански апетит преку давање заеми на луѓе кои поседуваат ретка уметност, заем кој подоцна не можат да го вратат, па така тој доаѓа до дополнување на својата уметничка колекција. Во меѓувреме, Ана добива можност да ја лажира сопствената смрт, се со цел да го спречи Брус да го добие Ван Гог, дури тоа да е последното нешто што ќе го направи – во принцип, тука се открива нејзиниот таен идентитет како агент на ФБИ; каде читателот се доведува до недоумица дали таа е само случајна личност решена да прави добро или, станува збор за изнајмен убиец без грижа на совеста. Иако читателот од самиот старт осознава кој е убиецот, сепак тежината на заговорот го влече се подлабоко и подлабоко во овие страници, укажувајќи можност да се донесе злосторникот на светлината на денот и да се издиференцираат деталите околу автопортретот на Ван Гог.

Џефри Арчер создава два типа на книги. Од една страна тој го прави тоа на начин во кој дава примат на семеен еп, обично групиран од две или повеќе луѓе преку нивните животи, следење на нивните семејства, пријателства, деловни триумфи и порази, љубови и загуби. Обично неговите ликови во нешто слично на ова се: бизнис магнати или политичари. Од друга страна, тој исто така, во своите неизвесни романи, каде адреналинот добива на приоритет, применува стил на пишување кој привлекува со својата мистериозност – „Аферата Ван Гог“ спаѓа во втората категорија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMalala Yousafzai | Тие не можат да ме запрат!
Следна објаваФотографии полни со емоции | Alexandra Benetel
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР