Доколку сте во врска Ве советуваме – Сакајте го, но доколку не сте биле вистинските еден за друг и сега сте разделени Ве советуваме – Не заборавајте го!
Не заборавајте го, затоа што некогаш сте биле негова принцеза;
Не заборавајте го, затоа што ги трпел и исполнувал сите Ваши каприци, желби и замисли;
Не заборавајте го, затоа што Ви овозможил најубави моменти;
Не заборавајте го, затоа што секогаш знаел да Ве насмее и да Ви го исполни слободното време до максимум;
Не заборавајте го, затоа што Ве научил да играте табла и некои компјутерски игри… и секогаш Ви попуштал само да успее да види насмевка на Вашето лице;
Не заборавајте го, затоа што бил покрај Вас секогаш кога Ви било тешко;
Не заборавајте го, затоа што Ви дозволил да се исплачете во неговата прегратка кога и да сте имале потреба за тоа;
Не заборавајте го, затоа што не заборавил ниту еден значаен датум за Вас;
Не заборавајте го, затоа што и тој нема да Ве заборави;
Не заборавајте го, затоа што тогаш треба да ги заборавите и заедничките спомени, а тоа значи да заборавите дел од Вашиот живот;
Не заборавајте го, затоа што некогаш тој бил Ваш прв избор и Вашиот принц.
Не сакајте го, ценете го како личност која била дел од Вашиот живот, бидете пријател кој секогаш ќе биде тука за него… и не заборавајте го! Штом бил дел од Вашиот живот, тогаш е вреден за сеќавање.
Продолжете напред и со насмевка сеќавајте се на него.