Geek is chic оваа сезона: нурнати во големите дела на Пруст, Кафка, Орвел, Дикенс и Киплинг, Bergdorf Goodman создава концепт на инспирација на враќање на старите книжевни вредности. Создадени да направат разлика од ултра модерните излози, овие рачно создадени, најдобри моменти од светската литература се загарантирани за инспирација на оние кои ја следат модата во секој чекор. Секој излог е предизвикан од влијанието на некој класичен роман со инвентивен уметнички приказ.

1

Огромна бела позадина каде главна улога игра огромна бубачка, исполнувајќи го просторот и симболизирајќи го Франц Кафка и неговиот Метаморфозис. Склуптурата која стои позади куклите е дело на локалниот уметник Aaron Wexler.

2

Боја на скапоцени камења во мозаик, со суштествена бујна позадина превземена од Радјард Киплинг и неговото поимање на Книга за џунглата, поставена токму на насловната страница.

3

Мапи на Лондон и Париз во 19тиот век се распослани над метежот на модната недела во чест на Дикенс и Приказната за два града. Кукли кои носат наметки на Оскар Де Ла Рента и Живенши, добиваат акцент кога стојат до авторот.

4

Индиго треска инспирирана од Во потрага по загубеното време. Познатото книжевно отворање на Марсел Пруст се движи пред семејното стебло на сортирање, кое ги поврзува десетиците карактери во романот.

5

Интересна пародија на системот, орвелски поставена во срцето на модата – Животинската фарма на Џорџ Орвел постигнува ефективен приказ на пастелни тонови, сместени во своевидна фарма.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодни изгледи од филмови
Следна објаваНе заборавајте го…
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР