Млад бизнисмен одеше на работа со новиот Jaguar. Одеднаш слушна некој звук од удар на вратата. Нагло ја притисна кочницата. Но на патот немаше никој. Се врати назад до местото каде што се чу звукот. Таму стоеше момче кое имаше 7-8 години. На вратата имаше трага oд камен. Мажот изнервиран, го фати детето и го турна во еден од паркираните автомобили:
– Што мислиш дека правиш, хулиган? Автомобилот е сосема нов и скап, поправката ќе ме чини многу. Зошто го направи тоа?

Детето се плашеше. Се чувствуваше виновно.
– Извини чичко, те молам, не ми се лути. Едноставно бев збунет и не знаев како да постапам. Колку и да мавав со рака, ниту една кола не застана.
Ги избриша солзите кои непрекинато се лизгаа по неговите образи и посочи со раката кон отворот помеѓу два паркирани автомобили:
– Ова е брат ми. Ја пуштив количката и таа се распадна на крајот од тротоарот, тука помеѓу двете возила. Се обидов да го кренам и ставам на неговото место, но е премногу тежок за мене.

Детето престана да зборува. Се задушуваше во солзи.
Знам дека направив нешто погрешно, но ве молам, помогнете ми да го ставам во количката. Брат ми е инвалид и мислам дека се повреди. Со останатото сам ќе се справам.

Младиот бизнисмен не знаеше што да каже. Се обиде ја проголтне тежината која му се формира во грлото. Го крена момчето и го стави во инвалидската количка. Извади од џебот чисто шамиче и ги исчисти раните и гребнатините кои ги имаше на телото на детето. Не кажа ништо. Ги гледаше двете братчиња како се оддалечуваат од него. Потоа се качи во својот Jaguar и возеше многу бавно, што патот до работа му се виде многу долг. Ја паркира колата и ја погледна оштетената врата. Трагата од каменот беше длабока и јасна. Но мажот никогаш не ја поправи. Ја остави, за да го потсетува:

Не брзај толку многу во животот, не принудувај некој да ти “фрли камен”, за да го забележеш и да се сопреш. Бог секогаш шепотејќи во нашите души, зборува со нашите срца. Но понекогаш кога не забележуваме ни “фрла по некој камен”. Не брзај никаде, така можеш да не забележиш нешто важно.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСоба за рекреација | Royal London Hospital
Следна објаваНевобичаени цветови | Torkil Gudnason
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР