Torkil Gudnason е моден фотограф со седиште во Њујорк, познат по својата способност да ја избришe линијата помеѓу модата и уметноста. Покрај многуте модни портфолиа, Gudnason има и многу други проекти за кои вели дека му се „издувен вентил“ од многуте комерцијални проекти кои ги работи.

1

Gudnason е роден во Данска и долгите, мрачни зими не се непознати за него. Како резултат на тоа тој е фасциниран од боите кои доаѓаат заедно со пролетта. Поради тоа тој создава серија фотографии насловена како Electric Blossom. Користи вештачко осветлување за добивање на неонски бои кои им даваат поинаков изглед на цвеќињата. Gudnason вели: „Јас ги трансформирам цвеќињата во мојот свет на фантазии, со тоа давајќи им фантастичен живот на обичните, секојдневни цветови.“

2

3

4

5

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФрлен камен
Следна објаваНаправи сам | Здолниште со висока половина
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР