Небесните ангели често погледнуваат кон Земјата. Некои плачат за болките на луѓето, други им помагаат да ги надминат потешкотиите, а трети се населуваат меѓу нив, за да разберат како живееме и од што имаме потреба. Кога доаѓа време да се вратат на небото, Господ ги прашува што научиле, што можел тој да направи за своите земни чеда.

Еднаш кога отишол да земе еден од своите ангели, Господ не можел да им верува на своите очи. Белата неговата кожа, била поцрнета од сонце, косата му била прошарена со бели прамени, а рацете му биле неверојатно груби.

– Што се случило со тебе, чедо? – Прашал Бог.

– Среќен сум, Татко! Многу!

– Ама како? Кожата – поцрнета. Косата – седа. Рацете – груби. Сигурно и твоето срце страда, ама да не ме натажиш зборуваш така. Само кажи чедо, кој ти го направи тоа и правдината ќе го стаса.

– Не, Оче. Кожата ми поцрни, додека сеев жито со што ги нахранивме гладните. Косата ми побеле додека ги утешував мајките кои ги оплакуваа своите деца. Рацете ми станаа груби додека градевме куќи за бездомниците. Блажено е да бидеш ангел, Татко, но достојно – да бидеш човек. Човечко стана моето срце, затоа и страдаше и се радува.

Разбрал Господ што му рекол ангелот и од тогаш често ги испраќа меѓу нас небесните суштества да не нахранат, да не утешат, да ни помогнат. Само да побараме и тие за миг ќе слетаат до нас – ангелите со човечки срца.

Тие се околу нас, само треба да ги препознаеме. Тие се нашите сакани, кои секогаш се тука за нас, да ни помогнат, утешат и да не направат среќни. Тие се нашите ангели кои со магија цртаат насмевка на нашето лице.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГламурозни денови | Fernando Vicente
Следна објаваФотографии произлезени од фантазија | Katerina Plotnikova
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР