Анимирано филмче од времетраење од пет минути за кои е дискутабилно дали се однесува на најмладата публика поради својата приказна во сенка. Станува збор за слатко детенце коие не може да одолее на продавницата за играчки. Што се случува зад влезната врата во светот на играчките, откријте сами. Сценарио и режија на Rodrigo Blaas, додека продукцијата припаѓа на Cecile Hokes, со звуци од Mastretta, дизајн-тимот на ова анимирано видео е под водство на уметничкиот директор Alfonso Blaas.