“Крај Вардарот сесии“ во Аудиокултура со Марија Каева Трио.
Марија Каева е уште еден од артистите на ‘PMG Recordings’ кој заедно со својот бенд, на 20.01.2023 година со почеток во 19:30 часот, ќе има свој настап во живо во рамките на проектот “Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура.
Марија Каева Фото: Приватна архива
На настанот чија звучна репродукција ќе биде реализирана преку системите на teoharov Audio, Marija Kaeva Трио ќе презентира авторска музика од албумот “Фортуна”.
? https://m.youtube.com/watch?v=7gDJfpx92jY
Извонредните вокални квалитети, специфичната изведба и музичкиот правец својствени за Марија Каева ветуваат уште еден одличен материјал кој ќе ја збогати содржината на винилот кој со заедничко партнерство на Аудиокултура и Божиновски часовници и накит (Bozinovski watches & jewelry) ќе биде издаден до крајот на 2023 година.
Официјален пијалак ќе биде ‘The Singleton’, сингл малт виски со перфектно балансиран вкус. За посета на настанот задолжителна е навремена резервација бидејќи капацитетот е ограничен на 50 посетители.
Извор: Аудиокултура