Во четврток на 13 април 2023 година од 19:00 во уметничката галерија ,,Метаноја”- Скопје, вљубениците во уметноста ќе имаат ретка можност да присуствуваат на отварањето на една поинаква ликовна изложба со наслов “Учителот, страдањето и учеништвото на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов, две врвни имиња на македонската современа уметност koи низ своите дела во дијалог даваат уметничко сведоштво пред сѐ за Христовите страдања, но и за инспирацијата од него за односот учител-ученик.
Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите страдања, тие се прикажани буквално на сликите, но уметничкиот израз носи и бројни метафори на страдањето како феномен – општото искуство на човештвото со кое Христос се поистоветува. Една од паралелите е совршениот пример на Исус кој ги воведува и ги води следбениците низ учеништво кое бара непоколеблива посветеност, самопожртвуваност и љубов.
Vladimir Georgievski
Nikola Pijanmanov Art

НЕМА КОМЕНТАРИ