Ироничен, арогантен, анти-социјален, зависник од апчиња против болки, медицински гениј – Доктор Хаус е миленик на многумина.  Одвоивме неколку негови мисли за животот, љубовта, болестите и пациентите, на момент саркастични, но фантастични и интересни, како и самиот тој.

  • И луѓето на умирање лажат. Посакуваат да работеле помалку, да отвореле сиропиталиште за мачиња, да биле подобри и похумани. Ако навистина сакаш нешто, ќе го направиш… нема да го чуваш за последен миг.
  • Знаеш што е полошо од тоа да си бескорисен? Бескорисен и несвесен за тоа.
  • Се’ што правиме е диктирано од мотивот.
  • Грешките се онолку сериозни колку резултатите кои ги предизвикуваат на крајот.
  • Нема тенка линија меѓу љубовта и омразата. Всушност има цел Кинески Ѕид со вооружени стражари на секои 20 метри, меѓу љубовта и омразата.
  • Единствениот проблем кога спиеш со непознати е што тие… не ти се познати.
  • Добрата работа кога ќе кажеш некому дека умира е дека тие се фокусираат на своите приоритети. Дознаваат што е најважно за нив. За што би умреле, за што би излажале.
  • Очите може да заведат, насмевката да залаже, но чевлите секогаш ја кажуваат вистината.
  • Нападите се интересни за гледање, а досадни за дијагностицирање.
  • Религијата е симптом на ирационално верување и неоснована надеж.
  • Се’ е за никаде. Но, секогаш  може да се најде нешто што ќе те насмее.
  • Основната вистина на човековата состојба е дека сите лажат. Единствената разлика е за што.
  • 20 годишните се заљубуваат и одљубуваат почесто одколку што ги менуваат филтрите за масло, а тоа е она што треба да го прават почесто.
  • Ако му зборуваш на Господ, тогаш си религиозен. Ако Господ ти зборува, тогаш си лудак. 
СПОДЕЛИ
Претходна објаваИстражете го Шекспир | Cambridge Apps
Следна објаваНаправи сам | Прекривка со срциња
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР