Асоцијација на „најдобро-продаван автор на 18 романи“ е бездруго, Николас Спаркс. Осум од неговите наслови од типот на „Страници за нашата љубов“, „Порака во шише“, „Прошетка за паметење“, „Драг Џон“, „Последната песна“, „Ноќи во Родант“, „Среќникот“ и најновиот „Безбеден рај“ се преточени на големото платно. Останатите од типот на „Вистински верник“, „На прв поглед“, „Одлука“, „Најдоброто од мене“ итн, трпеливо чекаат на својата екранизација по внимателно избраниот шаблон на авторот за величање на љубовта како безвременски феномен. Непоредно пред празнувањето на љубовта кое во голема мера се почитува на Запад, Ви ги презентираме неговите совети за изразување. Но, почекајте – не очекуваме да напишете роман за вистинската љубов, туку да ги пресликате Вашите емоции на хартија. Уникатна честитка за Св. Валентин звучи совршено! И пред да се запрашате зошто Николас Спаркс, проследете го неговиот рецепт за љубов:

1

Одржувајте силно темпо.

Бидете решителни, Вашата линија мора да ја пренесе љубовта – а пренесувањето се врши во неизвесни услови. Избегнувајте зборови на кои им се заканува погрешна интерпретација или сомнеж. Таков збор е „можеби“.

Бидете искрени во целост.

Размислете за љубовта како реална, опиплива, видлива појава затекната во личниот однос помеѓу Вас и саканото лице. Најдете инспирација во Вашата врска, што значи таа за Вас? Не плашете се да излезе она вистинското од Вас.

Направете да звучи едноставно.

Вашата цел е да ги откриете чувствата, а не Вашата интелигенција. Не бидете претерано воздржани, а доколку користите метафора – задржете се на една. Вашата драга е Ваша месечина, како Савана на Џон? Кажете ѝ го тоа наједноставно…

Внимавајте да биде кратко.

Не ја кријте Вашата порака во една бескрајна парада на фрази, зборови и описи. Дел од она што ја прави изјавата „те сакам“ толку моќна е самата емоција концентрирана во 2 збора!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Мојот “живот”
Следна објаваКреативни урбани интервенции | OakoAk
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР