Навистина, зошто? Девојките ширум светот уште со првиот издаден роман на Николас Спаркс се стекнаа со моќен и влијателен лобист на тезата: дали воошто постои совршен маж во реалноста? Покрај тоа, во неговите романи препознаа пријател кој ги разбира женските емотивни неприлики, кој им излегува во пресрет кога сакаат на час/два да веруваат дека постои нешто толку возвишено и магично. Доколу сте прочитале барем еден негов роман, ќе се согласите без двоумење!

BG2XVnVCcAAyRu3

Затоа што:

  • Маестрално го илустрира ендемичниот вид на машки карактер, исполнет со разбирање, обвиткан со емпатија, спакуван во доверба. И се тоа финиширано со ретки и неодоливи физички карактеристики.
  • Одблиску ја дефинира егзистенцијата и смислата на женскиот лик, како неопходен и инспиративен, воедно составен дел од животот.
  • Ја возвишува љубовта како (вон)телесна емоција, ја приближува до сечија субдина, во секој агол, во секој момент.
  • Пишува со респект и промоција на вистинските животни вредности, величајќи го семејството, вербата, надежта.
  • Гради концепт на себеспознавање, себепоправање и себеунапредување. Ниеден негов лик не завршува како клинички случај.
  • Немилосрдно ги перцепира и прикажува сите закани, независно дали психички или телесни, познати на човека – секое зло со свое име и свој третман. И свои последици на животот, кои секако не остануваат статус кво или предмет на инфериорност кон крајот на романот.
1

На крајот, веќе и не си поставуваме прашање: зошто? Низата причини е бесконечна – девојките го сакаат, а момците тешко да го сфатат. Затоа наша препорака е, доколку немате време или нерви да посветите на дневната доза надеж, погледнете некој од неговите екранизирани верзии. Со сигурност нема да погрешите. Никој не е имун на љубов!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАксесоарите на француска куќа Van Cleef&Arpels
Следна објава“Yellow Treehouse Restaurant”,New Zeland
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ