1,,Се’ се сведува на тоа кој е покрај тебе.

Во едно сигурно ќе се сложиме – Николас Спаркс е повеќе од виновен за високите очекувања кои речиси секоја втора девојка ги негува кон (недостижното) момче.

Овој пат, тој ни сервира сторија која ги перцепира сите можни начини да се биде лошо момче, да се биде негативен лик во кој девојките неповратно ќе се вљубат, а момците евидентно ќе му завидуваат. Истовремено, на истата сцена настапува неговата надеж за подобро утре, надеж спакувана во форма на повлечена, но интелегентна девојка, имено ќерка на околниот свештеник.

Џејми е она што се нарекува ноќна мора на секое момче – изветвен џемпер,  Библија во рака и остар ум која под никакви услови не дозволува да постои нечиј последен збор, освен нејзиниот. За (не)среќа на Ландон, нашиот негативец, се случува токму да биде негов коректор и помошник на училиште, а подоцна, и покрај нејзиното предупредување, и негова девојка.

Трансформацијата по заслуга на неговото конечно будење, неотповикливо препишана на Џејми повлекува незамислива мистерија која соодветно го оправдува нејзиното дотогашно однесување…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСè во едно, сè во бело
Следна објаваФото на денот | Љубов на зајдисонце
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ