18_38_9_13__26__3_201296Вистината секогаш го означува нештото кое е најтешко да се признае.”

Еден од последните романи на најпродаваниот литературен срцекршач, Николас Спаркс, која воедно е негово прво дело кое изобилува со долгометражност – оддеднаш ни сервира длабока семејна драма, заедно со трепетна приказна за младата љубов.

Вероника Рони Милер е типична 17 годишна Њујорчанка која ужива во бесконечна забава во градот кој никогаш не спие. Независна од нејзината мајка, која од неодамна е сама, живее во некомплетна заедница заедно со нејзиниот помал брат, Џона. Но, нејзините планови за летни журки, патувања и пијалоци до бесвест паѓаат во вода која Ешли, нивната мајка одлучува дека во најдобар интерес на сите е децата да го поминат летото кај нивниот татко, во Северна Каролина. Бесна на одлуката, Рони само ја храни својата лутина кон нејзиниот татко Стив затоа што тој ги напушти, а притоа ја напушти и својата престижна позиција во Џулијард за да живее сам во Вилминготн, мирниот град на плажа. Таа не се вклопува во крајбрежниот амбиент и знае дека тоа ќе биде најлошото лето кое некогаш го искусила, се додека не го запознае Вил, локалниот фраер на кој и самата не е имуна. И како што Вил се прашува, како некој толку обичен како него во крајно необичен свет, имаше среќа да ја сретне и инстинктивно да се вљуби во неа!

Стив, како поранешен концертен пијанист и професор, е нурнат во создавање на едно уметничко дело кое ќе стане централен дел согласно реконстукцијата на една помесна црква, кое навидум се чини, дека е единствен заеднички јазик помеѓу него и неговата ќерка, со оглед на тоа дека тие не разговарале цели 3 години. Господинот Спаркс направи фанстастична работа користејќи ја посветеноста на таткото за да илустрира дека Бог ги потпомага новите почетоци, обновувањето на врските и возможноста, дури и на краток рок додека трае патувањето наречено живот, доколку се има верба…

Животот е, реализирајќи, многу сличен на песна. Во почетокот постои мистерија, кон крајот афирмација, но средината е таа каде што сите емоции се концентрираат за да ја направат целата работа исплатлива.”

„Последната песна“ е полна со емоции, неочекувани расплети и воскресната доверба – се тоа, преку прегратката и разбирањето на вистинската љубов, онаа првата и најискрената, со иста тежина како и најисконската, љубовта помеѓу родителите и децата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНови трендови за оваа сезона
Следна објаваНеделен хороскоп (9-15 март)
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ