Факт е дека секоја припаднична на понежниот пол сака да носи накит, но исто толку важно за секоја е истиот да биде добро организиран кога не се употребува. Со ова на ум, претходно Ви покажавме како да направите дрвена кутија за накит, а овојпат Ви предлагаме со многу малку друг да направите дрвен држач за ланчиња.

1. Потребни материјали

  • стара дрвена даска
  • неколку рачки од плакар /фиока (може да ги најдете во стариот плакар во подрумот или таванот или пак да ги купите на пазар за стари предмети.  Не мора да бидат исти, колку различни толку подобар vintage ефект ќе постигнете)
  • длето или било каков метален шилест алат со кои би направиле дупчиња во даската.

2. Избушете онолку дупчиња во даската колку што имате рачки.

3. Навртете ги рачките во дупчињата на даската.

4. Поставете ја даската на ѕидот по желба и на неа наредете ги Вашите омилените ланчиња. Со малку труд и пари го добивте Вашиот нов држач за ланчиња, кој покрај тоа што е корисен е и одличен декор во просторот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава25 начини да се откажете од пушењето
Следна објаваФото на денот | Ураганот Сенди
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР