Стаклените шишиња од вино и вишокот тегли што не беа употребени за зимница, со малку труд, во само неколку чекори може да ги претворите во вазни за цвеќе и украси кои ќе му дадат стил и модерен декор на Вашиот дом.

Потребни материјали:

  • Неколку стаклени шишиња и тегли претходно добри исчистени
  • Акрилна боја по избор (доколку сакате да постигнете повеќе нијанси на бојата, земете и бела боја)
  • Сад за мешање на боите
  • Четка за боење

Инструкции за работа:

1. Ставете ја избраната боја во садот за мешање заедно со малку бела боја, додадете неколку капки разредувач на боја и измешајте.

2. Истурете ја смесата во шишето/теглата и со помош на четката распоредете ја бојата насекаде во внатрешноста на садот. (Доколку ставивте повеќе од потребната боја во садот и ви остана по боењето, едноставно пресипете ја во следниот сад кој сакате да го обоите.)

3. Откако бојата е нанесена, поставете го обоениот стаклен сад свртен обратно на хартија да се исцеди неколку минути. (Имајте на ум дека колку повеќе се цеди, толку потенок станува слојот на бојата.)

4. По враќање во нормалната положба, по потреба коригирајте ги со четка можните испакнатини од боја во внатрешноста и оставете ги стаклениоте садови да преноќат со цел добро да се исушат.

Следното утро ќе имате исклучителни вазни за цвеќе, свеќници или едноставно елегантни украси кои несомнено добро ќе се вклопат во Вашиот ентериер.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПојадокот е прекинат
Следна објаваТајната на успехот во креативните професии | Ira Glass
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР