Gardens by the bay” е драматично изведена туристичка дестинација во Сингапур дизајнирана од групата архитекти Grand Associates. Овој комплекс на луксузни градини се дел од проектот “Град во градина”, визија на градот Сингапур со цел да го подигне моралот на градот на глобално ниво, презентирајќи го најдоброто од хортикултурата и градинската уметност.

За атрактивноста на оваа дестинација говори фактот што изминативе два месеци било посетена од повеќе од милион туристи меѓу кои и принцот Вилијам и принцезата Кејт, а површината од 101 хектар ја прави оваа градина една од најголемите градини во светот.

Овој извонреден спој на природа, технологија, просторно планирање и имагинација, вклучува 18 дрва, кои се всушност вертикални градини со светлечки елементи на врвот и висина од 25 до 50 метри, две огромни конзерватории кои се дом на повеќе медитерански и тропски растенија и богат спектар на хортикултурни градини .

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАрго | Во режија на Бен Афлек
Следна објаваИнсталации од тоалетна
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР