Венецијанските маски се симбол за гламур, традиција и мистерија. За да направите маска потребни ви се најпрво картон и украсна хартија, а понатаму можете да го додадете вашиот уметнички печат. Ставете бисери, светкави камчиња, украсни крилја, цвет или пеперутка. Впрочем, можете да искористите се што ќе ви падне на памет за да добиете маска по соствен стил и вкус, а видеово чекор по чекор ќе ве насочи и мотивира како да го направите тоа.