Научив… дека не можеме да натерамe некого да не засака. Се што можеме да направиме е да бидеме личност која е вредна да биде сакана – а останатото, да го препуштиме на другите.

Научив… дека колку и да се грижиме, на некои луѓе едноставно не им е грижа.

Научив… дека се потребни години за да стекнеме нечија доверба, а само неколку секунди да ја изгубиме.

Научив… дека може да се снајдеме врз основа на шармот, но по 15 минути потребно е да кажеме нешто навистина паметно.

Научив… дека или го контролираме сопствениот став, или тој не контролира нас.

Научив… дека колку и да е интензивна страста во врската, со време избледува – па подобро е да се создаде нешто што ќе Ве натера да останете во истата.

Научив… дека најчесто оние кои ќе направат да Ви биде подобро, се истите оние кои направиле да се чувствувате лошо. Ни помалку, ни повеќе – туку Вашите блиски. Па, затоа, внимавајте на кого му дозволувате влез во Вашата близина.

Научив… дека кога бесот не запоседнува поради вистински причини, имаме целосно право да бидеме бесни.

Научив… дека вистинските врски издржуваат и на дистанца. Ова важи за вистинските пријатели и вистинската љубов.

Научив… дека кога некој не не’ сака на начинот на кој сметаме дека би требало, не значи дека не не’ сака на начин кој е својствен на него/неа.

Научив… дека зрелоста е поврзана со стекнатите искуства и научените лекции, а не со бројноста на свеќичките позиционирани на роденденската торта.

Научив… дека семејството не секогаш ќе биде тука за нас.

Научив… дека безразлика колку некого сметаме за свој најдобар пријател, секогаш е неизвесен тајмингот кога би можел да ни напакости.

Научив… дека не е секогаш доволно да им се прости на другите. Некогаш е повеќе од потребно да си простиме сами на себе.

Научив… дека без разлика колку е скршено срцето, светот не се концентрира на нашата тага.

Научив… дека семејната позадина и околината во која сме израснале имаат големо влијание, но самите сме одговорни за личностите во кои се обликуваме.

Научив… дека ако двајца луѓе се расправаат, не значи дека не се сакаат. И обратно, фактот што не се расправаат не значи дека тие навистина се сакаат.

Научив… дека нема потреба да си ги менуваме пријателите откако ќе сфатиме дека пријателите се смениле.

Научив… дека дури и ако двајца гледаат во иста работа, тешко дека ќе ја видат со исти очи.

Научив… дека безразлика колку се трудиме да ги заштиме нашите деца, на крајот сепак ќе завршат повредени на овој или на оној начин.

Научив… дека животот е подложен да се промени за секунда, дури и од страна на луѓе кои не ги познаваме.

Научив… дека е тешко да се повлече линијата помеѓу финиот став и вистинскиот став.

Научив… дека е вистински предизвик да се живее…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВториот дел од рекламата на CHANEL N°5
Следна објаваПубертет | Години за паметење
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР