Добро познатата холивудска ѕвезда Бред Пит е новото заштитно лице на можеби најпознатиот парфем во светот Chanel N5. За прв пат во историјата на компанијата, заштитно лице на парфемот е маж. Првиот дел од рекламата со наслов “Wherever I go” и истоимениот монолог на актерот, наместо воодушевување, предизвикаа поделени мислења кај публиката. Сега ви го презентираме вториот дел од рекламата, која според нас е подобрена верзија на првата и изгледа повеќе од задоволително. Погледнете ја и одлучете сами.