Едно мало момче шетајќи на улицата здогледа мала железна паричка. Беше многу возбуден што случајно пронајде нешто, без воопшто да се труди.

Од тогаш, кога и да се шеташе надвор, ја наведнуваше главата надолу во потрага по богатство.

За време на својот живот успеа да пронајде дури 296 паднати парички. Но, нивната вкупна вредност беше едвај 14 долари.

Додека упорно шеташе со наведната глава ја пропушти убавината на  31.369 зајдисонца, шарениот раскош на 157 виножита, огнената убавина на илјадници дрва во текот на есента. Тој никогаш не виде како белите облаци лебдат на небото и менуваат различни форми, не ги виде преубавите снегулки во зимата и разните капки дожд во текот на годината. Како птиците летаат додека сонцето сјае, ниту пак случајните насмевки на минувачите не се дел од неговата меморија. А сето тоа .. за ништо.

Кренете ја главата од проблемите и секојдневната потрага по своето богатство, убавините се насекаде околу нас! Залудно потрошеното време никаква сума на пари не може да го врати. На момент, погледнете нагоре!

СПОДЕЛИ
Претходна објава1970 Pontiac Firebird
Следна објаваНаправи сам | Водопад плетенка
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР