Човекот е неразбран, нелогичен и себичен – не е важно, сакај го.
Ако ги остваруваш целите ќе најдеш лажни пријатели и вистински непријатели – не е важно, остварувај ги своите цели.
Она што си го изградил со години може да биде уништено преку ноќ – не е важно, гради.
Чесноста и искреноста ќе те направат ранлив – не е важно, создавај.
Ако им помогнеш на луѓето може лошо да поминеш – не е важно, помагај им.
Ако на светот го дадеш најдоброто од себе, тој ќе ти возврати со удари – не е важно, давај го најдоброто од себе.
Ако правиш добро, тоа ќе го препишат на твоите себични цели – не е важно, прави добро.
Доброто што го правиш утре ќе биде заборавено – не е важно, биди искрен!