Седмата генерација на Volkswagen Golf конечно беше официјално промовирана во Берлин, објавени се и првите фотографии и видео од новиот модел на популарниот автомобил. Golf 7 ќе доаѓа со агрегати кои стартуваат од бензинскиот 1.2-литарски TSI мотор со 85 коњски сили и 1,4 литарскиот TSI мотор со 140 коњски сили. Внатрешноста е слична со онаа на Golf 6, а една од главните разлики е што централната конзола е ротирана кон возачот. Golf 7 ќе има екран на допир на централната конзола со 5,8 инчен екран, додека врвниот модел ќе има 8-инчен екран со навигација. Новиот  Golf 7 ќе го поседува системот Park Assist што може паралелно да го паркира автомобилот во простор 80 сантиметри подолг од самиот автомобил, и City Emergency Braking системот кој функционира до брзини од 30 километри на час.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР