Бренда беше млада девојка која доби покана да се качува по карпи, заедно со нејзините пријатели. Иако не ги сакаше баш планините, сепак ја прифати понудата. Кога пристигнаа, таа доби опрема за качување и јаже прикачено за нејзиниот сигурносен појас.
Почна да се искачува и токму кога дојде до првата платформа на која можеше да одмори, го олабави јажето, а тоа ја удри по окото и нејзината контактна леќа испадна.
Таа се вознемири и веднаш побара да не е падната некаде во близина на платформата на која одмараше. Но, не беше таму.. За момент се натажи, беше далеку од дома, а нејзиниот поглед заматен. Наместо да се налути, почна да му се моли на Бога, да и помогне да ја најде. Иако во моментот тоа не и се чинеше разумно, сепак го стори.
Кога со големи маки стигна на врвот, еден од нејзините пријатели ја провери нејзината облека да не случајно леќата паднала таму, но без успех. Бренда погледна кон планините, а низ мислите и пројде цитат од Библијата кој вели: “Божјите очи гледаат се” и си рече во себе: “Боже зар е можно да гледаш се, да ги знаеш сите лисја и камења? “
Во тој момент една нова група алпинисти кој беа близу до врвот викнаа: “Eј луѓе, да не изгубил некој од вас контактна леќа?”
“Јас” – извика Бренда, “Но, како ја видовте?“ – запраша.
“Една мравка која помина близу до моето лице, ја носеше со себе” – се намевна алпинистот.
Таткото на Бренда е карикатурист. Кога таа му ја раскажа оваа неверојатна приказна за мравката, контактната леќа и молитвата, тој нацрта карикатура на која една мравка носи огромна контакта леќа и вели: “Господе не знам зошто сакаш од мене да го правам ова, не е вкусна за јадење, а е ужасно тешка за носење. Но, ако ти го сакаш тоа, јас ќе ја носам.”
Ова е она што секој од нас треба да си го каже кога проблемите натежнуваат. Можеби во моментот е нејасно, неправедно, тешко за поднесување, но не лутете се, немојте да мразите, немојте да носите неправедни одлуки, само затоашто неправда ви е направена вам. А кога се ќе помине и ќе се навратиме наназад на случувањата, се ќе има свој ред и логика. Треба само да се верува.
*Вистинита приказна раскажана од Josh и Karen Zarandona (пријатели на Бренда)