На една од Google промоциите, централно место завзема Џон Горман, менаџерот на Back Motion Studio, со уметничка презентација за новиот начин на конзумирање книги, кој дефакто се инкорпорира во човековото секојдневие, притоа како што се вели, олеснувајќи му го животот.
Преку анимација, цели кон нови начини на употреба кои претпоставуваат достапност во секое време, доследност и исполнување на времето додека се случува во дневниот распоред да мора да чекате нешто/некого. Навидум, апсолутно неавтентично, но истовремено крајно практично. Живејте ја иднината, веќе се случува!