Karo е едно од најголемите племиња кои може да се сретнат во Африка. На фотографијата е прикажан припадник на ова племе, маскиран како воин. Фотограф на оваа драматична фотографија е Marius Coetzee, кој вели: “Беше пладне кога го здогледав овој див воин и условите за фотографирање беа навистина сурови.
Го одведов до реката Омо, Етиопија и се фокусирав што е можно поблиску на неговите очи. Тој ги имаше едни од најневеројатните очи што некогаш сум ги видел. Потсетуваше на предатор, длабоко загледан во неговиот плен” Фотографијата е пријавена на натпрeварот за најдобра фотографија направена на патување, организиран од National Geographic.