Freja Beha Erichsen е родена на 18 Октомври 1987 година во Roskilde, Данска.

Откриена е на улиците во родниот град од еден скаут кој случајно поминал покрај нејзе со такси. За прв пат, своето деби како модел таа го имаше во 2005 година, учествувајќи на модната недела во Париз и Милано, носејќи модели на  Prada, Louis Vuitton и Miu Miu. Веднаш станува препознатлива и во наредниот период е ангажирана на ревии на Shiatzy Chen, Chanel, Dior, Gucci, Burberry, Alexander Wang, Prada, Balmain, Balenciaga, Christian Lacroix, Zac Posen, Sonia Rykiel, Lanvin, Versace и многу други.

Одтогаш нејзината кариера оди во нагорна линија, па така таа се појавува и во многу рекламни кампањи, едиторијали за магазини, како заштитно лице на парфеми и на насловни страни на светски модни списанија. Досега во нејзиното модно досие можеме да сретнеме соаботка со сите светски модни имиња, како Balenciaga, Jil Sander, Gucci, Harry Winston, Inc., Georg Jensen, Hugo Boss, H&M, CK by Calvin Klein, Hermès, Isabel Marant, Chanel, Gianfranco Ferré, Pringle of Scotland, Emporio Armani, Roberto Cavalli, Chloé, Karl Lagerfeld, MaxMara, Valentino, Pollini, Jaeger, GAP, и Tom Ford.

За нејзиниот изглед, кастинг агентот James Scully вели: “Таа е кралица на кул изгледот. Една од најбараните модели, бидејќи е совршена закачалка за сите видови модни парчиња; од оние класичните, дамски па се до оние несекојдневни машки модели.”

Freja е специфична и заради нејзиниот андроген изглед, кој лесно може да се трансформира од мало слатко девојче, преку вамп заводлива жена, а понекогаш и во момче. Токму заради ова таа постојано се наоѓа помеѓу 2 и 4 место на 50 најбарани модели. Она што во последно време е актуелно, се гласините дека таа е хомосексуалец. Можеби токму нејзиниот изглед, чуден начин на облекување и бунтовното однесување ги предизвикува овие шпекулации, а можеби е вистина. Како и да е, не можеме да не се соглаисме дека е навистина уникатна.

Таа во моментов живее и работи во Њујорк, се дружи си пријателите, ја слуша музиката на Janis Joplin, а за себе вели дека најголема маана и е што премногу им верува на луѓето.Во моментов, желба и е да додаде уште неколку тетоважи на веќе исполнетото тело со 16 тетоважи.


СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛондон во дождовни вирчиња
Следна објаваЗастрашувачки реалистични тетоважи
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР