На 1 октомври ќе се случи 18-то издание на Бела Ноќ, едно од највозбудливите и можеби најинтересни настани во Македонија. Вечерта ќе обилува со настани и културна програма во кои Скопје и скопјани ќе уживаат во посета на ? Концептуални изложби; ? Театар на отворено; ? Камерен оркестар; ? Кино проекции;?‍♂️ Магионичарско шоу; ? Диџеи и многу други културни настани…

? Културно информативен центар – Скопје се придружува со своја програма во склоп на Бела ноќ.

БЕЛА НОЌ 2022

Мултимедијална манифестација „КИЦ Артленд“

? 1 октомври 2022, ⏰19ч.

? Културно информативен центар – Скопје

? Белата ноќ под името „КИЦ Артленд“ и целовечерна културна програма во облик на мултимедијална манифестација, ќе се случи и во Културно информативниот центар – Скопје.

? Како круна на овој настан ја имаме и големата изложба на државната манифестација „Денови на македонска фотографија“ во организација на „Фото сојуз на Македонија“, која го слави својот 60-ти роденден!

? Целосната програма во продолжение…

П Р О Г Р А М А

?Салон Империјал II, ⏰19 ч.

– Алекс Петковски (инструментал)

– Официјално отворањe

– Ристина Николова и Ивона Нацевска (поетско читање)

– Вокален состав „Мелизма“

?Салон Империјал I, ⏰19:30 ч.

– 60-то јубилејно издание на „Денови на македонска фотографија“

– Академски хор Мирче Ацев

?Салон Империјал II, ⏰21ч.

– Трио Џентлмен (концерт)

– Огнен Здравковски (концерт)

– Елена Пренџова и Нино Наумовски (поетски перформанс)

НЕМА КОМЕНТАРИ