? Промоција на книгата „Приказни за деца и животни“ од Тихомир Јанчовски

? 27 мај 2022 во18 часот.

?Салон 19:19

Приказни за деца и животни“ е првата книга за деца на Тихомир Јанчовски, a се работи за баснарка-боенка. Содржи 14 басни со илустрации во кои ликовите главно се урбани животинки што се наоѓаат пред разни искушенија и дилеми кои ги решаваат на детски наивен и љубовен начин. Во книгата ќе ги најдете бувот Џуши, крокодилот Кроко, Дино Сајрус, јазовецот Бранко, мрзливецот Ано, две деца што станале китови, кучето Флопи и други протагонисти.

? Книгата ќе ја претстави Јулијана Величковска, а делови од книгата ќе читаат Тихомир Јанчовски и Горазд Китановски.

? Тихомир Јанчовски – поет, професор, преведувач. Роден e нa 24 август 1967, во Скопје. Основно и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја во Скопје (2008). Досега му се објавени четириинаесет книги поезија, два романи и една книга колумни. Преведуван е на 15 јазици: англиски, француски, словачки, српски, хрватски, албански, босански, грчки, германски, грузиски, словенечки, руски, украински, персиски и италијански јазик.

ИЗВОР >> КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР-КИЦ

НЕМА КОМЕНТАРИ