Еден од нашите најплодни уметници, Дејан Иванов – Маргуш, деновиве е во подготовка на својата нова изложба, наименувана; ‘Пејсажи’. Со својот високо професионален и активен пристап кон уметничкото творештво како и со грациозноста на својот препознатлив изведувачки израз, но и техничката изведба на елементот, тој несомнено втиснува трајно-суптилен  белег во колективната меморија на вљубениците во уметноста.

Авторот со својата бравурозна сликарска изведба и искрен пристап кон творењето, создава дела во кои успешно воспоставува хармонија со внимателно избрани за него својствени колоритни тонови. 

Енергетски силни, делата на Маргуш имаат одредена хипнотичко-магична привлечност за набљудувачот. Без исклучок сите негови дела се значајни, создадени со совршено точна перспектива и фокус кон божествената убавина на природата. Нурнат во длабока контемплација,  личните доживувања успешно ги пренесува на своите платна, со перфектен ритам на неговиот прецизен сликарско-технички потег создавајќи притоа магично-хармоничен спој на небото, водата и растителниот свет. 

 Сликарските дела на Маргуш се  асоцијативни, и нè воведуваат во состојба на  мистерија, во тајната на сликарскиот потез кој нè заведува и на нашето искуство и нуди различен свет, свет на волшебни прелевања.

Дивианартс: Најпрво би сакала да Ви честитам по повод вашата нова изложба. На 15 јуни Вашата изложба беше претставена во Софија, Бугарија, потоа август беше поставена Гевгелија, во септември во Прилеп, за на крај во ноември и скопската публика ќе може конечно да ја погледне во Културно-информативниот Центар. Кажете ни колку време ви беше потребно да ги комплетирте вашите дела за оваа изложба.

– Благодарам за честитките и поддршката. Значи во Софија беа изложени дела koи се создавани 2020 година. Тие дела се изложени во Германија и во Пловдив, Бугарија. Тој циклус не е  изложен до сега во  Македонија. Делата се во процес и се уште работам на нив…

Дивианартс: Каков е процесот на едно ваше дело. Од каде започнувате…

– Процесот e првично од лична  инспирација на некој предел, моето доживување од тој дел, а потоа моја трансформација на истиот.


Дивианартс: Вашиот стил може да се дефинира како апстрактен со импресионистички нијанси каде светлината преовладува, би Ве запрашала дали за Вас важи онаа изрека; Кога ја носиш светлината во себе, инстиктивно ја ставаш и на платното.?

– Може да кажеме дека сите ние сме порасположени кога имаме сончеви денови , и сите сме повесели. Така и на мене влијае и на моето сликарство.

? Дејан Иванов Маргуш

( фото-приватна архива на уметникот)

Дивианартс: Вашите слики се мистични, метафизички, а во исто време многу моќни во кои доминира нежност, етерична светлина и богата палета на бои. Дали е сето ова рефлексија на вашата душена состојба, можеби?…

– Може да се каже дека во сите дела што ги твори еден автор се отсликува неговото лично расположение.

Дивианартс: Велат дека сликарите се долговечени. Нивната работа е еден вид на медитација, ја имаат таа привилегија да работат во мир и тишина. Дали тоа важи и за Вас, која атмосфера највеќе ви одговара за творење.

– Мене највеќе ми делува и најинспиративно годишно време ми е пролетта. Будењето од зимата, сите тие колорити што се појавуваат на цвеќето и дрвјата мешањето на боите, тој раскошен спектар на најголемиот УМЕТНИК-ПРИРОДАТА.

НЕМА КОМЕНТАРИ