Тексас е ненадминат материјал, кој никогаш не излегува од мода. Фармерките, тексас јакните и другите парчиња облека само ги менуваат деталите и кроевите, но тие се присутни во секоја модна сезона, вклучително и ова лето.

Погледнете кои 5 модни парчиња од тексас ќе бидат хит ова лето.

Миди и мини здолништа
Миди и мини здолништата ќе бидат во мода и ова лето, а можете да ги комбинирате со бели ленени предимензионирани кошули или маички со интересен принт.
Крем и бели панталони
Ова лето тексас панталоните во крем или бела боја можете да ги комбинирате со кошули или еднобојни маици. Идеални се за деловни пригоди.

Розов тексас
Парчињата розов тексас ќе ви овозможат да изгледате модерно, урбано и да бидете во тренд ова лето. Во оваа боја можете да најдете тексас јакни, здолништа, панталони, шорцеви и фустани.

Шорцеви
Синоними за лето се шорцевите, па оние од Тексас ќе бидат присутни насекаде. Можете да ги носите со еднобојна маичка и долга кошула, која ќе ја носите откопчана. Доколку на нив додадете необичен, летен ремен, на вашата комбинација на облека ќе и дадете сосема поинаков изглед.

Широки фармерки
За сите оние кои сакаат фармерки, ова лето ќе бидат во мода широки модели, „ѕвонарки“, како и со години популарни „искинати“ фармерки.

НЕМА КОМЕНТАРИ