?Отворен повик за драмски текстови создадени во периодот од 2010 г. до 2022 г.

ЈАС НЕ СУМ МРТОВ, БОЛЕН И СЛАВЕН. 

(Повик за е-Антологија на современи драмски текстови). 

Мотивацијата за овој отворен, колаборативен повик е актуелната состојба во современиот домашен театар, во кој се занемарени современите домашни драмски текстови. Неодамна сите ние, во рамките на нашите ентузијастички можности, почнавме да ги афирмираме драмите и авторите со помош на книжевните форми и пракси, но и понатаму инсценирањето на домашните современи драмски текстови е на многу ниско ниво; без истрајна и континуирана примена на долгорочна афирмативна и развојна стратегија, за потенцијалот и карактеристиките на домашното, современо драмско писмо (поставено на сцена) во однос на историјата и сегашноста на светските драмски пракси и изразувања. Во 2022 година Македонскиот Центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА стана активен член на Меѓународната секција на ИТИ УНЕСКО – International Playwrights’ Forum IPF! Чија цел е драмските текстови да се преведуваат на странски јазици, да бидат поставувани на сцена, и да се споделуваат информации за драмските текстови со цел меѓународни вмрежувања и афирмации на драмите и авторите/авторките.
Овој повик е дел од промотивниот проект ДРАМСКИ ИНВЕРЗИИ поддржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија, во 2022 година. 

? Повикот е афирмативен, поттикнувачки и ги повикува сите драмски, театарски и книжевни уметници, автори/ки, писатели/ки, поет(ес)и по свој (најдобар) избор да испратат драмски текст кој е создаден (објавен, необјавен, инсцениран или неинсцениран) во периодот од 2010 г. до 2022 г.
Во овој повик нема старосен лимит. Повикот е отворен за сите драмски автори/ки и други автори/ки кои професионално пишуваат.
Во повикот нема тематски и жанровски ограничувања за драмските текстови.

?Драмските текстови треба да се напишани или преведени на македонски јазик и/или англиски јазик и лекторирани.

Драмските текстови ќе бидат издадени во промотивна, хоризонтална, репрезентативна електронска антологија на домашни современи текстови со цел:

– домашна и меѓународна промоција, афирмација, видливост на драмските тематски, стилски сведоштва и пресеци, пристапи и структури, развој во создавањето на современи драмски текстови, во периодот од 2010 г. – 2022 г.
-изработка на електронска антологија.
– директно и долгорочно поврзување на нашиот Центар со сите домашни драмски автори/ки и други автори/ки кои се активни и продуктивни, со цел изработка на промотивен водич на современи (домашни) драмски автори/ки и драмски текстови, во следната – 2023 година, наменет за меѓународните сцени.
Насоки за аплицирање:
– Прифаќаме по еден драмски текст напишан во периодот од 2010 г. до 2022 г.
– Во овој вид на е-антологија – драмскиот текст е според изборот на авторите, истиот е напишан / преведен и лекториран на македонски или англиски јазик; подготвен и испратен во Ворд фајл, големина на фонт: 11 или 12; стил на фонт: Тајмс њу роман на македонски (кирилица) или англиски јазик (латиница).
– Како прилог на драмскиот текст да се испрати кратка професионална биографија (до 300 знаци), со листа на напишани (објавени и поставени) драмски текстови, на македонски јазик (кирилица), и една промотивна фотографија од авторот/авторката во висока резолуција (300 ДПИ) во ЈПГ формат.
– Драмскиот текст со прилозите, да се испрати најдоцна до 30 јуни 2022 г. (КРАЕН РОК), на следниот имејл
( macedoniancenterofiti@gmail.com ), со назнака: Пријава на повикот ЈАС НЕ СУМ МРТОВ, БОЛЕН И СЛАВЕН.
-Учество на авторите/авторките во промотивните активности на е-антологијата.
Нашата намера е позитивна, конструктивна, афирмативна и некомерцијална во однос на електронската антологија, за која сите работиме доброволно, и за која знаеме дека ќе успееме да истрасираме дополнителни, препотребни афирмативни промени, за широка видливост и релевантност на современото драмско творештво во Македонија.
Однапред Ви благодариме на соработката.

Со почит,
Екипата на Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/ПРОДУКЦИЈА
Cell phone. +389 75 288 143
URL. https://www.iti-worldwide.org/macedonia.html

Facebook. https://www.facebook.com/…/MacedonianCentero…/photos/…

YouTube. https://www.youtube.com/channel/UCdiN20fUtY067-_TWkeJMbQ
Publishers Macedonian Center ITI/PRODUKCIJA.
https://www.facebook.com/PersonalFuturismPublicPolitics
ITI MK/Produkcija/Video Theater Projects. https://www.facebook.com/ProdukcijaMacedonianCenterITI

НЕМА КОМЕНТАРИ