?Културно информативен центар – Скопје

?Листа на настани (08. јуни – 15. јуни 2022г) .

?08.06.2022

Промоција на зборникот „Филозофија и филм“
Империјал 17 часот.

Зборникот произлегува од Првата интернационална конференција „Филозофија и филм“ одржана на 25 мај 2021 год. во рамките на 11. Филозофски филмски фестивал. Зборникот е на англиски јазик, а воедно претставува второ издание од едицијата „Филмософија“ на Филозофското друштво на Македонија.Во зборникот се поместени текстови од 12 автори од цела Европа коишто пишуваат на различни теми од областа на филм-философијата: Сердар Озтурк (Турција), Сенка Анастасова (Македонија/САД), Доминик Шато (Франција), Дамир Смиљаниќ (Србија), Георгиос Арабаѕис и Евангелос Протопападакис (Грција), Дарко Штрајн (Словенија), Џон О’Меларка (Ирска/В. Британија), Наил Кенеди (В. Британија), Тијана Петковска, Бошко Караџов, Сашо Кокаланов (Македонија) и Слава Јанакиева (Бугарија).

?08.06.2022

Промоција на култната книга за деца „Бушава азбука“
Култ парк (паркот пред КИЦ-Скопје)19.19ч.

? Kултната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ конечно го доживеа своето реиздание, во рамки на едицијата за деца и млади на издавачката куќа Чудна шума. Промоцијата на реизданието на оригиналната сликовница од 1986, кое беше претставено првпат пред посетителите на овогодинешниот Саем на книга, ќе се одржи на ден 8. јуни 2022 година, со почеток во 19:19 часот, во Култ парк (паркот пред КИЦ-Скопје)

?09.06.2022

Промоција на книгата „Соништа на писателот“ од Мимоза Рајл
Салон 19,19 ч. 19.19ч.
“Соништата на Писателот” е најновото дело на д-р Рајл во корпусот на едно разнородно уметничко творештво, во кое преку главните ликови ги решаваме вечните прашања, се соочуваме со себе си и нашиот животен пат, се до новата свесност на убавината и смислата. Д-р Мимоза Рајл е директор на институтот за сценски уметности на “Интернационалниот универзитет Еуропа Прима” во Скопје. Таа е професор по Естетика на аудио-визуелните уметности, како и есеист, колумнист, театарски критичар и поет.

?13.06.2022

Чествување на поезијата на Коста Солев Рацин
Салон 19,19 19.19 ч.(во зависност од временските услои, може и во Култ Парк, пред КИЦ)
Читање на песни од Бели Мугри и амбиентална музичка придружба во живо.Ќе учествуваат Тихомир Јанчовски, Моника Силјановска и Горазд Китановски.
Речиси осум децении од смртта, а сè уште ненадминлив, сè уште најсакан од нацијата, сè уште токму неговите стихови се оние кои секој Македонец умее да ги каже наизуст. Љубовта и почитта се нешта што не се стекнуваат сосила, а нашиот Рацин е токму од обичниот, питом македонски народ прифатен за свој, како најголем меѓу големите. На 13 јуни се одбележува годишнина од неговата несреќна смрт на Лопушник, до ден денешен обвиена со мистерии и нејаснотии. Во таа чест, го праазнуваме неговото име. На денот на неговата погибија, ќе се сеќаваме со радост на него и на оставеното наследство за неговиот народ. Ќе се потсетиме не само на неговите стихови, туку и на сето негово творештво кое просто дише од длабоките познавања на философијата, историјата, а сето тоа е толку големо зашто е напишано со крв и страст.

?14.06.2022

Kристијан Гиновски – Концерт на КГ акустично трио
Салон 19:19, 19:19 ч.
Кристијан Гиноски e независен артист од Скопје. Примарно се бави со пеење и свирење на гитара, а има членувано во повеќе бендови како бас гитарист. Активно настапува од 2010-та година, со огромен број на акустични настапи, како и настапи со цел бенд. Има учевствувано на повеќе фестивали и настани, дел од нив се: Скопје стрит фестивал, два трибјута на бендот “Pink Floyd”, интернационални настапи во Малта и Чешка. Настанот би се состоел од акустични изведби на песни од повеќе краеви на светот. Изведбата ќе биде со акустичен состав Кристијан Гиноски Трио. Настапува со двајца дипломирани музичари, Дејан Митровиќ – бас гитара и Иван Петровски – акустична гитара.

?15.06.2022

Промоција на книгатаДуховно-филозофски медитации и доживувања и книгата на Роасилно Чолаков
Империјал 1, 20 ч.
Промоцијата на две книги во издание на Матица македонска, „Таму каде душите треперат…“ и „Духовно-филозофски медитации и доживувања“. Рецензенти и промотори на книгите се поетесата Ленче Милошевска и академик Ферид Мухиќ.
Освен беседите за книгите вечерта ќе ја збогатат и украсат харфистката Мерсиха Шукри со неколку мелодии на харфа и актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска со читања на извадоци од книгите.

?15.06.2022

Предавање на Роберт Мартин Кер
Салон 19:19, 19:19 ч.
Иако европските тоталитаризми, советскиот и нацистичкиот, се најдоа на пословичното буниште на историјата, ние во моментот соочени сме со нови -изми, кои овојпат доаѓаат од Новиот Свет, имено, „неолиберализмот“, „разбуденоста“ (културата на поништување). Во ова предавање јас ќе разговарам за нивното потекло во американската историја од колонијалниот период и ќе покажам како обата се лице и опачина на истата монета, нова Прокрустова постела.
15.06.2022 Промоција на книгата „Кутикула” од Будимка Поповска, музичка изведба Ѓоко Здравевски.

НЕМА КОМЕНТАРИ