Промената на годишните времиња е одлична можност да го смените стилот и амбиентот во вашиот дом.

Ако го украсувате домот со сијалички-sвезди на прозорците за зимските празници, зошто да не го прославите летото со забавна, возбудлива декорација?

Летните трендови за внатрешен дизајн во 2022 година ќе ви помогнат да го направите вашиот дом пријатен и освежувачки како надвор.

Ако ги сакате сончевите денови на тропска плажа, внесете ја таа радост и естетика во вашиот внатрешен дизајн, а доколку не ја сакате оваа естетика, останете кул во затворени простории со внесување на духот на летото внатре.

Се уште има области ширум светот кои се во lockdown, а внесувањето барем малку од летниот рај е поважно од било кога.

Следете ги овие 7 врвни летни трендови за внатрешен дизајн и бидете сигурни дека вашиот дом ќе биде привлечен како студено парче лубеница на топол ден.

Внесете ја надворешноста внатре – многу зелени растенија

summer interior design trends

Внесете уметност – Разгледајте ги локалните галерии во вашиот град и можеби ќе најдете оригиналнo дело од локален уметник. Не само што веднаш ќе додадете вкус и култура во вашиот дом, туку ќе имате инстант почеток на разговор со вашите гости.

Артокен од Михаил Корубин

Метален сјај

Ако вашиот дом го има оној класичен, целосно бел изглед, направете го модерен со летните трендови за внатрешен дизајн во 2022 година – додајте светло бронза или розово златни акценти, додавајќи нов живот во монохроматската просторија.

Metallics Shine

Класично сина (2022 Pantone – Color of the Year is Classic Blue)

За оние кои ги следат трендовите во дизајнот на ентериери, овој избор на боја за лето не е изненадување – боите како кралската сина и тегет сината добиваат на  популарност. На пример, додека целосно белата кујна порано беше класика, сега гледаме морнарско сини кабинети со златни детали во најмодерните кујни. Иако на почетокот може да изгледа изненадувачки, овој тренд е тука да остане, па нормално, се појавува во врвните летни трендови за внатрешен дизајн за 2022 година.

Classic Blue

Бохо Шик

Кога дизајнирате бохо-шик стил, немојте како од 1960-тите – прескокнете ја психоделичната таписерија (не сте во студентски дом!) и наместо тоа, изберете декорација направена од коноп или дрво, како ткаени корпи. Ако некогаш сте посакале ќилим со уникатен дезен, шарен, нека ве инспирира бохо-шик стилот.

boho chic

Контрасти на бои и дезени

Во минималистичките ентериери, вистинскиот избор на контрастни дезени може да го подигне вашиот стил, притоа задржувајќи ја елегантна едноставност.

Ако сте подготвени за предизвикот, можеби ќе размислите дури и да користите мешани дезени во слични палети на бои – можеби тропскиот принт би можел да одговара на тенок, суптилен принт со пруги. Никогаш нема да дознаете додека не го пробате!

Без разлика дали се работи за цветни или животински принтови, вистинската шема може да го промени амбиентот на собата. Трендовите за внатрешен дизајн ова лето ги фаворизираат принтовите кои ги нагласуваат контрастите на боите и дезените.

Размислете смело и разгледајте опции како геометриски килим со две бои. Кога се сомневате, одлучете се за перница со палми или ананас.

bold patterns

Винтиџ, а сепак елегантно

Удобните, винтиџ стилови и шик ентериери се враќаат во летните трендови за внатрешен дизајн во 2022 година. За да го следите овој летен тренд на дизајнирање на ентериерот, ќе сакате да направите новите парчиња на мебел да изгледаат како антиквитети. Без разлика дали ќе го купите или ќе го направите сами мебелот, дрвените маси и столови ќе му дадат на вашиот дом рустично, удобно чувство. Посебно, во бели и пастелни бои кои се популарни и пријатни.

Shabby trend

Заклучок

Дури и малите промени како што се нови рамки за фотографии или расфрлани перници можат да направат разлика. Следејќи ги врвните летни трендови за внатрешен дизајн, ќе се чувствувате освежени и инспирирани во вашиот дом.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ