Писател, музичар, карикатурист, и фотограф Gavin Hammond е талентиран уметник кој уште еднаш не изненади со оригиналниот начин на портретирање на неговиот град, Лондон. Наместо да чека убаво време и погодна светлина за фотографирање тој тргна во поход на дождливото англиско време и ги фотографираше рефлексиите на градот во вирчињата од дождовна вода по улиците.