Мајсторот за тетоважи Yomico Moreno од Венецуела создава едни од најморбидните и најреалистични тетоважи кои некогаш сте ги виделе. Ве предупредуваме дека некои фотографии се преинтензивни за чувствителни луѓе, па ако сеуште сакате да ги погледнете, сторете го тоа на сопствен ризик.
Морено прв пат добива интерес за тетовирање на возраст од 14 години и отогаш го има посветено сиот свој живот на оваа уметност. Тој вели дека негов омилен стил за тетовирање е реализмот, бидејќи во него има најголем предизвик.