Денес ќе избришам два дена од мојот дневник: вчера и утре.

Вчера требаше да научам, а утре е последица на тоа што можам да го направам денес.

Денес ќе се соочам со животот знаејќи дека овој ден нема никогаш да се врати.

Денес ми е единствената можност за да живеам интензивно – никој неможе да гарантира дека ќе го видам утрешното изгрејсонце.

Денес ќе бидам доволно храбар да не ги испуштам можностите кои што ќе ми се укажат. Мојот единствен избор е да успеам.

Денес ќе инвестирам во мојот насјкапоцен дар – моето време и во највозвишеното дело – мојот живот.

Секоја минута ќе ја потрошам во страст за да го направам овој ден уникатен и поинаков.

Денес ќе и се спротивставам на секоја пречка која ќе ми застане на патот со верба дека ќе успеам да ја остранам.

Денес ќе и се спротивставам на тагата и ќе го освојам светот со насмевка и позитивен став очекувајќи го најдоброто.

Денес од секоја обична задача ќе создадам возвишена креација.

Денес ќе бидам со нозете на земја, трезвено прифаќајки ја реалноста, а мечтите ќе ги оставам да ја создадат мојата иднина.

Денес ќе бидам среќен и ќе оставам силен печат во срцата на другите.

Денес, те поканувам да свртиш нов лист во животот. Да живееш со верба дека се е возможно и да го оствариш тоа, со радост и среќа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР