Кога љубовта ве обвие – следете ја.
Иако нејзините патишта се тврди и стрмни.
И кога нејзините крилја ве понесат, препуштете им се.
Иако мечот скриен меѓу нејзините перја може да ве рани.
И кога таа ви зборува, верувајте и.
Иако нејзиниот глас може да ги разниша вашите соништа како што северниот ветер ја пустоши градината.
Зашто како што љубовта ве крунисува така и ќе ве распнува.
Дури како што помага таа да растете иста е кога ве потсекува.
Како што се искачува до вашите висини и ги милува нивните најнежни гранки што се лулаат на сонцето.
Така ќе се спушти во вашите корени и ќе ги разниша додека се припиени на земјата.
Како снопови од пченка таа ве собира во себе.
Таа ве толчи за да ве оголи.
Таа ве сее за да ве ослободи од вашата лушпа.
Таа ве меле додека не побелите.
Таа ве меси додека не станете меки.
И потоа ве става на својот посветен оган, за да станете светилеб за Божјата света гозба.
Сите овие нешта ќе ви ги направи љубовта за да ги дознаете тајните на своите срца, и во тоа спознание да станете делче на срцето на самиот Живот.
Ама, ако во својот страв барате само љубовен мир и љубовна наслада, подобро е да ја покриете својата голотија и да си отидете од гумното на љубовта.
И не мислете да управувате по пат на љубовта бидејќи љубовта, ако види дека сте вредни за тоа, управува со вашите срца…

*Извадок од книгата „Пророкот“ – Калил Џибран

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСлатки фотографии од дечиња и животни
Следна објаваЏеф Кунс со изложба во Париз!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ